-->
-->
Повеќе од 1.100 мигранти се спасени покрај брегот на Италија
-->

Вкупно 1.153 мигранти се спасени вчера во водите меѓу италијанскиот остров Сицилија и Северна Африка, соопшти италијанската крајбрежна стража.
Италијански, ирски и германски бродови, како и спасувачки чамци на организациите „Лекари без граници“ и „СОС Медитеране“, извршиле 11 одделни спасувачки операции.
Според податоците на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) од почетокот на годинава во Италија пристигнале околу 31.500 мигранти. Со подобрување на временските услови мигрантскиот бран се зајакнува. ИОМ наведува дека од 5 до 12 мај пристигнале над 2.600 лица, што е 68 отсто повеќе отколку во претходните седум дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
