Балкан
20. September 2016 - 13:14

ОН: Повеќе од 300.000 мигранти годинава го преминале Медитеранот

Повеќе од 300.000 мигранти оваа година го преминале Средоземно Море на својот пат кон Европа, соопшти денеска ОН.

Тоа е многу помал број од оние 520.000, кои пристигнаа во текот на првите девет месеци во 2015 година.

- Бројот на бегалци и мигранти кои оваа година пристигнаа до европскиот брег надмина 300.000 луѓе, изјави портпаролот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), Вилијам Спиндлер.