Повеќе од еден милион цивили во Мосул се во опасност, според Норвешкиот совет за бегалци
Повеќе од милион цивили, заробени во Мосул, кој е под контрола на Исламска држава се во голема опасност, предупреди хуманитарната организација Норвешки совет за бегалци, додека ирачките војници напредуваат кон градот, во кој се очекува зајакнување на судирите.
Од организацијата, која работи со бегалци и внатрешно раселени Ирачани, порачуваат дека околу 18 илјади Ирачани ги напуштиле своите домови од почетокот на масовните воени операции за преземање контрола врз Мосул пред две недели.
Шефот на советот за Ирак, Волфганг Грешман изјави дека хуманитарите работници на таа агенција „сега се подготвуваат за најлошото“.
- Животот на 1,2 милиони цивили е во голема опасност, нагласи Грешман.
Ирачките антитерористички единици ја зазедоа вчера зградата на државната телевизија во Мосул, што е досега најважниот објект, кој го презедоа од почетокот на офанзивата против џихадистите од ИД во тој град, изјави командантот на оваа елитна единица.
Ново на Сител
-
Состојба на патишта
-
Трамп одби уште една дебата со Харис
-
Најмалку двајца загинати во ураганот на Флорида, два милиони луѓе без струја
-
Телефонски разговор Бајден – Нетанјаху
-
Ердоган и Рама ќе ја инаугурираат големата џамија во Тирана
-
Сончево и топло во текот на денот, слаба утринска магла во некои котлини
-
Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на ОН за периодот 2025 - 2027
-
Дачиќ утре доаѓа во Македонија - во Куманово ќе се сретне со Тошковски