Повеќе од милион евра инвестирани во капитални проекти во општина Дебрца

Повеќе од еден милион евра преку Агенцијата за рурален развој инвестирани се во капитални проекти во општина Дебрца.
При денешната посета на лидерот на ВМРО - ДПМНЕ Никола Груевски на селото Ботун од градоначалникот Игор Трајковски беше информиран дека во ова населено место инвестирани се 9,5 милиони денари од кои направено е 300 метри атмосферска канализација, поставени се тротоари во должина од 400 метри и асфалтирани се три улици во должина од еден километар.
Со средства од ИПАРД програмата преку Агенцијата за рурален развој, Трајковски информира дека е направен патот меѓу селата Злести и Лешани во должина од два километри во вредност од околу 6,5 милиони денари.
Жителите на Ботун побараа индустриска зона во општината, за што како главен проблем беше посочено недостигот на државно земјиште. По направените консулатации со владините претставници министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски вети дека ќе помогне градоначалникот да најде земјиште за соодветна локација за изградба на индустриска зона во општината.
Граѓаните на Дебрца изразија незадоволство од ЕВН Македонија дека отстранува дел од шумите, за кои тврдат дека се во нивна сопственост.
- Пред неколку месеци ЕВН правеше траса за далековод и ги исекоа сите дрва овошни градини, борова шума која е приватна сопственост низ повеќе села меѓу кои Песочан, Злести, Ботун и Сирула. Дрвата ги растеме 30 години и доаѓа ЕВН, компанија продадена од господата од СДСМ т.н. „бизнис бонбона“, ги сече сите дрва и не ни дава никаква оштета, се пожали жител од Дебрца.
За проектот „Купи куќа за млади“ Трајковски информира дека општина Дебрца има обезбедено локација за изградба 100 куќи.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
