Повеќе скопски населби утре без струја

Утре во периодот од 8:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од булевар „Илинден“ бр. 9, во општина Центар, а од 9:30 до 13:00 часот корисниците од дел од улиците „Демир Трајко“ и „Ванчо Мицков“ во општина Карпош.
Од 8:00 до 9:30 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од дел од село Арачиново.
Дел од корисниците од улица „Ѓорче Петров“ и околината ќе бидат без електрично снабдување од 9:00 до 13:00 часот. Од 9:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од Стара Чаршија, а во време од 9:00 до 15:00 часот корисниците од објетките сместени во кругот на поранешната Фабрика Стаклара, во општина Кисела Вода.
Без струја од 9:00 до 16:00 часот ќе бидат корисниците од селата Радуша, Дворце и Орашје, во општина Сарај.
Во општина Шуто Оризари во време од 9:30 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Метохиска“, „Индира Ганди“, дел од „Рељо Шестокрило“ и дел од „Гвадалхара“.
Без струја во време од 10:00 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од дел од улиците „Адам Мицкиевич“ и „Антон Панов“, во општина Гази Баба.
Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради технички зафати во електросистемот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ако сакаме место на Шангајска листа, бројот на научни трудови мора да се зголеми десеткратно
-

Тошковски: Кокаин вреден милион евра запленет во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Загадувањето доаѓа од домаќинствата
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
