Повеќе скопски населби утре без струја

Корисниците од скопското село Јурумлери утре од 7:30 до 15:30 часот ќе останат без електрична енергија.
Во периодот од 8:30 до 17 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од Усје, а од 9 до 11:30 часот дел од корисниците од улицата „Саса“ подулица 18 во општина Кисела Вода.
Од 9:30 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Рампо Левката“ во општина Карпош, а од 9 до 14 часот корисниците од скоспкото село Чајлане, општина Сарај.
Корисниците лоцирани на улицата „Димо Хаџи Димов“ од број 1 до број 23 ќе бидат без струја од 10 до 14 часот, а од 12 до 15:30 часот дел од корисниците лоцирани на улицата „22“ во село Волково.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се заради технички зафати во електросистемот.
Ново на Сител
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
