Повик за евакуација на бегалците по пожарот во кампот Морија на Лезбос

Претставници на грчкиот остров Лезбос денеска повикаа на итна евакуација на повеќе илјади бегалци во копнениот дел од земјата, откако во бегалскиот камп Морија изби пожар.
Регионалната гувернерка Кристијана Калогиру истакна дека во повеќе наврати ја предупредила грчката Влада дека камповите на островите во источниот дел на Егејско Море се „опасно пренатрупани“.
- Веќе долго време зборуваме дека мора да се намали пренатрупаноста на островите, посочи Калогиру.
- На островите во североисточниот дел на Егејско Море официјалните објекти имаат капацитет од 5.450 места, но таму се наоѓаат повеќе од 10.500 луѓе. Постои итна потреба луѓето да се дислоцираат од островот, бидејќи ситуацијата дополнително ќе се отежне, наведе Калогиру.
Грчкиот министер за трговска морнарица Тодорис Дритсас најави дека на Лезбос итно ќе биде испратен брод за бегалците и мигрантите, со цел да се намали нивниот број во кампот Морија.
Пожарот во кампот Морија избувна синоќа. Весникот „Катимерини“ тврди дека пожарот избувнал за време на немири до кои дошло по вчерашните протести на мигрантите, предизвикани од неофицијалните гласини дека властите планираат наскоро да ги вратат во Турција.
На протестите на мигрантите им претходеше собир на локлани жители на селото Морија, кои од властите побараа дислокација на бегалскиот камп од островот.
По овој собир и информациите дека ќе следи нивна екстрадиција во Турција, група од околу 300 мигранти го напуштиле кампот и се упатиле на протест кон селото Морија, но во тоа биле спречени од полицијата, кои ги принудила да се вратат назад. Според „Катимерини“, додека мигрантите се враќале во кампот, пожар избуван во блиската плантажа со маслинови насади, кој потоа се проширил и на центарот во кој се сместени бегалците.
Ново на Сител
-

Турција одбележува десет години од неуспешниот обид за воен удар
-

СП 2026: Дешан – Многу сме разочарани
-

Лишен од слобода Александар Лазаров кој избега од Полициска станица во Кочани
-

Мицкоски во Глумово, ќе изврши увид на проектните активности за регулација на Сува Река
-

СП 2026: Европскиот првак Шпанија прв финалист на Мундијалот
-

СП 2026: Де ла Фуенте – Пред нас е уште еден чекор
-

САД повторно воведоа блокада на иранските пристаништа, Иран возврати со нови напади
-

Повторен колапс на електричната мрежа во Куба, третпат во девет дена целиот остров остана без струја
