Повик за користење финансиска поддршка за земјоделски задруги

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска објави јавен повик за доставување барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година, за мерката за економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење дејност и финансиска поддршка за основање и функционирање на земјоделските задруги.
Како што соопшти Агенцијата, финансиската поддршка што ќе биде доделена е неповратна, а средствата се предвидени за основање и функционирање на земјоделски задруги регистрирани во Регистарот на земјоделски задруги при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Со парите ќе се покриваат дел од трошоците за основање на земјоделска задруга, воспоставување на административни и технички капацитети, помош за ангажирање на стручни лица, плата за лице управител на земјоделска задруга, за ангажирање на едно лице од областа на земјоделските науки и ветерината и помош за премии за осигурување во вид на надоместок на дел од трошоците за осигурување.
Поддршката за оваа мерка се исплаќа квартално по доставено барање за исплата и тоа за прв квартал најдоцна до 15 април 2016 година, за втор квартал најдоцна до 15 јули 2016 година, за трет квартал најдоцна до 15 октомври 2016 година и за четврт квартал најдоцна до 31 декември 2016 годијна.
Ново на Сител
-

Две лица, меѓу нив судски полицаец, под истрага за примање награда за противзаконито влијание
-

58-годишник од Скопје силувал 13-годишно девојче
-

Николоски: Автопатот Кичево - Охрид е веќе при крај
-

Обезбедени се 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи низ државата
-

Трамп: Иран ќе даде понуда насочена кон исполнување на барањата на САД
-

Без струја во одредени периоди од денот делови од општините Студеничани, Карпош и Центар
-

Арагчи пристигна во Исламабад за да разговара за предлозите за обновување на мирот со САД
-

Лавров: САД го враќаат светот во ера кога немаше ниту меѓународно право ниту систем на меѓународни односи
