-->
-->
Повик за невработени кои ќе пружаат грижа за стари лица од Кривопаланечко
-->

Старите и изнемоштени лица од руралните средини во Крива Паланка ќе добиваат основни медицински услуги и нега во рамки на проектот „Општинско корисна работа“ кој ќе го имплементира локалната самоуправа на општината.
Проектот е финансисран со средтсва од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и од буџетот на општината.
-Во овој проект се вклучени и Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и општинскиот Црвен крст. Во моментот во тек е оглас за ангажирање медицински лица, фармацевти, негуватели и социјални работници кои ќе ги пружаат услугите од проектот, посета на 80 стари и изнемоштени лица од општината и грижа за нив во однос на психо-физичката, здравствена состојба, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Паралелно, истакна, во тек е и повик до сите заинтересирани потенцијални корисници.
- Сите кои имаат потреба од вакви услуги ги охрабрувам да се пријават, по што комисија од општината, АВРМ и МТСП ќе ги селектира крајните корисници на проектот. Предвидено е услугите да ги пружаат тимови од две лица кои ќе посетуваат одреден реон од селата во околината на градот. На корисниците ќе им бидат измерени шеќер во крв, притисок и ќе им бидат завршени основни потреби во домот, додаде Алексовски.
Според него најважен е социјалниот момент со кој овие лица нема да се чувствуваат отфрлени, осамени и заборавени.
-Упатувам повик до сите евидентирани невработени лица да се пријават на огласот кој е во тек, во АВРМ. Лицата кои ќе бидат ангажирани ќе добиваат месечен надомест од 6400 денари нето, нагласи Алексовски.
Проектот ќе започне да се имплементира од 1 септември 2016, а предвидено е да трае до 17 март следната година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета
-

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
