Повисоките места во Делчево без вода за пиење

-Поради дефект кој не може со сигурност да се каже под какви околности настанал, повисоките места во градот Делчево се без вода за пиење. Нашите екипи работат ги прават сите напори да се утврди точната причина на дефектот, по што ќе се пристапи и на негово решавање. Апелираме на стрпливост до граѓаните до решавањето на овој проблем и отстранувањето на дефектот, а исто така и до оние корисници кои имаат вода за пиење истата рационално да ја користат, информира Ристовски.
Како што додаваат од претпријатието, ова лето прв пат се случува дефект од ваков обем поради кој по повисоките места подолго време се без вода за пиење.
Деновиве како резултат на активностите на претпријатието за обезбедување чиста вода за пиење за жителите на Делчево и околните места, по подолго време, кварцниот песок и активниот јаглен во пумпната станица во село Тработивиште беше заменет со нов.
Ново на Сител
-

Безживотно тело најдено на Шар Планина
-

Полицијата приведе 19 возачи: 10 возеле пијани, осуммина без положен возачки испит
-

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме
-

17-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
-

Уапсен 31-годишен Мексиканец, пијан нападнал полицаец со тврд предмет во Ѓорче Петров
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари
-

Утре локални врнежи и услови за невреме, до крајот на неделата посвежо
-

Две лица загинаа а три се тешко повредени во сообраќајка кај Агино Село
