Македонија
20. August 2023 - 12:42

Повреден 34-годишник откако паднал од мотоцикл

Вчера во Полициска станица Радовиш е пријавено дека во с.Јаргулица, радовишко, А.А.(34) од Радовиш управувајќи мотоцикл изгубил контрола и паднал на коловозот, информира МВР.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани од лекар во Јавна здравствена установа во Радовиш. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш, соопшти МВР.