Македонија
28. January 2020 - 13:26

Повреден пешак во Струмица

Вчера  во 14.00 часот на ул.,,Ката Поцкова’’ во Струмица велосипед удрил во пешак Ц.Т.(68) од Струмица, по што велосипедистот го напуштил местото на незгодата. Ц.Т. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.