-->
-->
Повреден велосипедист во Кочани
-->
Повреден велосипедист во Кочани. Според информациите на МВР, вчера во 15:55 часот било пријавено дека на улицата „Димитар Влахов“ во Кочани се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Ман“ со кочански регистарски ознаки управувано од З.М.(50) од Кочани и велосипед управуван од Ј.А.(79) од Кочани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот кој по укажаната лекарска помош во болницата во Кочани бил задржан на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани и се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поплави во скопско
-
ЗПЛ: Ординациите ни се претворија во печатници
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
„Бизнис лидер“ е новиот проект каде ќе се најдат најуспешните компании
-
Од први јули минимално поскапува струјата
-
Пензионерите со нови услови
-
Бугарија бара Брисел да не потсети дека треба да ги донесеме уставните измени
-
Невремето затвори операциони сали во ГОБ 8-ми септември