Повредени четири лица во вкупно шест сообраќајки
Четири лица биле полесно повредени во две од вкупно шест сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири незгоди била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Десет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи поминале на крстосница на црвено светло и двајца возачи не дале првенство на минување на пешаци. Од сообраќај биле исклучени двајца возачи кои го управувале возилото пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и шест возачи почетници, како и седум нерегистрирани возила. Санкционирани биле и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин и тројца кои поминале коловоз на црвено светло. Затекнати биле 67 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 73 возила.
Одделението за превенција при СВР Скопје денеска во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативни работилници со ученици од четврто одделение во ООУ „Гоце Делчев“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Илинден.
Ново на Сител
-

Војската да ја чува критичната инфраструктура
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини излезе од притвор
-

Се проширува Безбеден град
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
-

Велковски: Парите заштедени во вториот столб се на граѓаните
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
