Повредените во Нови Сад сè уште се во тешка состојба
Тројцата пациенти кои беа тешко повредени во падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад се уште се во тешка состојба, а лекарите даваат се од себе во борба за нивните животи, изјави Весна Туркулов, директорка на Клиничкиот центар на Војводина.
-Пациентите сè уште се во многу тешка состојба, сè уште се нестабилни. Лекарите од Клиничкиот центар прават максимални напори, има голем стручен тим, се бориме за нивниот живот, а дијагностиката е постојано во тек, рече Туркулов за Танјуг.
Таа додаде дека над пациентите се спроведува 24-часовен мониторинг, особено затоа што се работи за пациенти што лежат и оти тие се уште се на апарати за вештачко дишење.
-Кога велам дијагностика, мислам пред се на скенери, поради можно внатрешно крварење. Тоа е најважно, рече Туркулов.
Според неа, повреди од овој тип можат да се видат само во случаи на земјотреси.
-Крварењето и внатрешните модринки на сите ткива и органи – тоа е она што најмногу ги загрозува. Не надворешни трауми, туку тие повреди, рече директорката на КЦВ.
Клиничкиот центар не се занимава со прогнози, сметајќи дека тоа е неблагодарно бидејќи сите се уште се загрозени.
Ново на Сител
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава