Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“

Оштетено детско игралиште на булеварот „Борис Трајковски“, спроти зградата на Општина Кисела Вода, предизвика револт кај жителите кои реагираат на состојбата во која се наоѓа просторот наменет за најмладите.
Фотографии од оштетените реквизити се објавени на Фејсбук-страницата „Кисела Вода – Пријави проблем“, каде граѓаните посочуваат дека ова не е првпат игралиштето да биде оштетено.
Според нив, иако во изминатиот период неколкупати биле вршени поправки, реквизитите повторно се уништуваат.
„Моментално вака изгледа игралиштево... Жалосно... Неколку пати се поправаше, сè е за ништо... Културата доаѓа првенствено од дома“, напиша скопјанка која сподели фотографии од состојбата на игралиштето.
Дел од граѓаните сметаат дека за оштетувањата е виновно несовесното однесување на деца и млади кои го користат просторот, посочувајќи дека е потребна поголема грижа за јавните површини и реквизитите наменети за најмладите.
Повторното оштетување на игралиштето го отвора прашањето за одговорноста и зачувувањето на јавните простори, особено оние во кои секојдневно престојуваат деца.
Ново на Сител
-

Утврдени цени, но без откуп, дел од лозарите ги копачат лозјата
-

Преглед на вестите од светот
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
