-->
-->
Повторно прекинат железничкиот сообраќај меѓу Словенија и Хрватска
-->
Меѓународниот железнички сообраќај меѓу Словенија и Хрватска повторно е во прекин, откако вчера беше обновен на неколку часа, соопштија Словенечки железници.
Железничкиот сообраќај е запрен по налог на безбедносните органи, по одлуката на словенечката Влада.
Словенечката Влада вчера објави дека железничкиот сообраќај со Хрватска, што беше суспендиран од 16 октомври, ќе биде обновен бидејќи ситуацијата со бегалците е „многу помирна“ во споредба со минатите денови, но само неколку часа потоа, околу 19 часот, Словенечки железници повторно го запреа сообраќајот.
Бегалците и понатаму од Хрватска во Словенија пристигнуваат со воз, до синоќа 3.270 луѓе пристигнале на железничкиот премин Добова меѓу двете држави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Штипската болница веќе 6 часа се снабдува со струја од агрегат
-
Ристески: Со есенската кошница ги стабилизиравме и намаливме цените
-
Србин усмрти пешак на магистралата Куманово-Крива Паланка
-
Татко секојдневно си ги тепал трите деца, учителките пријавиле во полиција
-
Разбојничка кражба во скопски трговски центар: Украл гардероба и се заканувал со нож
-
18 годишник силувал 20 годишна девојка во Кисела Вода
-
Зеленски: Русија победи во Грузија, а истото ќе го направи и во Молдавија
-
Најмалку 20 убиени во денешните израелски напади во Појасот Газа