-->
-->
Повторно судири меѓу полицијата и демонстрантите во Хонг Конг
-->
Полицијата во Хонг Конг денеска повторно употреби бибер спреј и палки во растерувањето на демонстрантите кои се собраа пред една полициска станица во градот.
Во полициската станица се наоѓале други притворени демонстранти, јавија западните агенции.
Полицајците во опрема за разбивање демонстрациии со палки и штитови излегоа пред зградата на полициската станица за да се соочат со демонстрантите кои веќе со недели бараат поголема демократија во оваа поранешна британска колонија.
Претходно денеска, полицијата отвори судска постапка против 44 од веќе притворените демонстранти, кои учествуваа во пресметките со полицијата во претходните протести. За таквото кривично дело може да добијат и до десет години затвор.
Протестите во Хонг Конг почнаа поради противењето на граѓаните на предлог законот за естрадиција што предвидува предавање на осомничените криминалци на Пекинг. Противниците на овој предлог закон сметаат дека тој претставува закана за слободите на граѓаните на Хонг Конг, гарантирани во текот на следните 50 години, почнувајќи од 1997 година, кога Кина Кина повторно ја презеде контролата врз оваа поранешна британска колонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пад на индустриското производство од 7,9% во септември
-
Тема на денот со Благој Бочварски, СДСМ
-
Први пратенички прашања за Мицкоски, Филипче му побара оставка
-
Реакции по извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
-
Екс министерката Костадиновска заработи кривична пријава за Универзална
-
Се уште нема никаква одговорност за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце
-
АХВ: Потврден случај на птичји грип кај угината гуска во Злокуќани
-
Побарано да се забрани внес на нови животни во скопската зоолошка