Пожар на депонијата „Краста“, екипите на „Чистота и Зеленило“ Куманово на терен

Екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ со механизација сè на терен и се обидуваат да го изгасат пожарот кој избувна синоќа на депонијата „Краста“, соопшти денеска директорот на претпријатието, Сашо Томиќ. Тој информираше дека сите расположливи екипи се на депонијата и во текот на денот со затрупување на земја ќе се обидат целосно да го изгасат чадењето. Вчера интервенирале и кумановските пожарникари до едно возило од 20: 35 до 23:10 часот.
Депонијата „Краста“, лоцирана на регионалниот пат Куманово-Пчиња ќе стане претоварна станица од каде сметот од Куманово ќе се носи во Свети Николе, преку проект финансиран од ЕУ во кој се вклучени општини од североисточниот и источниот регион. Платформата на сметот пред извесен период беше затрупана со земја, израмнета што не дозволуваше да се шири непријатниот мирис и да се потпалува, како што беше пракса изминативе децении, што беше причина за постојани блокади од жителите на блиското село Пчиња кои бара нејзина дислокација. „Краста“ ќе стане збирна станица на која ќе се селектира отпадот и ќе се транспортира до регионалната депонија. Депонијата „Краста“ функционира од 1958 година и зафаќа површина од 12, 5 хектари. Тука се складира сметот на градот со над 100.000 жители.
На плоштадот „Маршал Тито“ во Куманово, вчера беше и опожарен контејнер со ѓубре, интервенираа и пожарникарите. Од „претпријатието велат дека постојано несовесни граѓани ги опожаруваат контејнерите и бараат санкции за причинители.
МИА
Ново на Сител
-

Бахреин ги осуди иранските напади
-

Приведен 76-годишен маж од Гостивар, возел мопед без дозвола
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка
-

Почна полагањето на државната матура, годинава полагаат 14.500 ученици
-

Израелската армија уби бебе во Западен Брег
-

САД со дополнителни 38 милиони долари за борбата против епидемијата со ебола
-

Песков за односите Русија – САД: За танго потребни се двајца
-

Силјановска Давкова: Шест децении сцената на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност
