Пожар на Шар Планина, над Боговинско Езеро

Пожар избувнал денеска над Боговинско Езеро, на Шар Планина, а според надлежните пожарот не претставува опасност за шумскиот фонд.
Регионалниот центар за управување со кризи - Тетово информираше дека денеска во 11:54 часот од страна на ТППЕ – Тетово бил пријавен пожар над Боговинско Езеро, на Шар Планина.
По добиената пријава РЦУК - Тетово го известил ЈП „Национален парк Шар Планина“.
Од Националниот парк известиле дека се запознаени со пожарот и дека истиот е зафатен на пасишта на непристапен терен, на граничниот појас меѓу Македонија и Косово.
Од Националниот парк дополнително информираат дека пожарот ќе се следи, но поради непристапноста на теренот нема да се интервенира и додаваат дека според добиените информации, пожарот не претставува опасност за шумскиот фонд.
МИА
Ново на Сител
-

Митровденска задушница - спомен за починатите
-

Уапсен вооружен маж во близина на Белата куќа: Тврдел дека гласови му наредиле да го убие Трамп
-

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај
-

Русија со нови ракетни напади врз Киев, одекнаа десетици експлозии
-

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд
-

ЕК почна преговори за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“
-

Облачно со сончеви периоди и северен ветер
-

Хакиран мејлот на министерот за здравство на Грција – во негово име „нарачале“ 200 луксузни автомобили и 25 оружја
