Пожар на траект во Њујорк, евакуирани 900 патници и членови на екипажот
Околу 900 патници беа евакуирани од службите за итни случаи од траект на њујоршкиот пловен пат во близина на Стејтен Ајленд поради пожар што избувна во погонскиот дел на бродот.
Противпожарната служба на Њујорк соопшти дека синоќа службите за итни случаи реагирале на пријава за пожар на брод во Њујоршкиот залив нешто по 17 часот.
Повредени се пет лица, од кои три се на болничко лекување.
Американската крајбрежна стража ги евакуираше патниците до траектниот терминал Сент Џорџ на Стејтен Ајленд.
Од траектот се евакуирани и 16 членови на екипажот. Евакуацијата траеше помалку од еден час.
Министерството за транспорт соопшти дека бродот „Санди Граунд“ е привремено закотвен во близина на Бајон, во Њу Џерси.
Противпожарната служба, пак, соопшти дека пожарот е локализиран во погонскиот дел на бродот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување