Пожар во атарот на делчевското село Полето
Се локализира пожарот кој денеска попладне избувна во делчевското село Полето. Во моментов на терен се екипи на Територијалната противпожарна единица од Делчево кои учествуваат во негово гаснење.
-Пожарот избувна околу 16:30 часот, веднаш по дојавата наша екипа се упати на самото место. Иако засега нема опасност за проширување на пожарот во близина на куќите, се уште нашите екипи ќе бидат на терен, се до целосно негово локализирање, истакнаа од ТППЕ Делчево.
Во период на зголемување на температурите од Противпожарната единица апелираа да се внимава при ракувањето со запаливи предмети, да не се пали оган на отворен простор особено во услови на ветар и секоја појава на оган навреме да биде пријавена.
Ова е прв пожар на отворен простор од вкупно три пожари на кои интервенираа пожарникарите во последните две недели во Делчевско.
Ново на Сител
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
-

Министерката Јаневска на 24. Светски образовен форум во Лондон, ќе се обрати на панел дискусија посветена на креирање политики базирани на факти
-

Кина: Постигнат е напредок во трговските преговори со САД
-

Мицкоски за законот за игри на среќа: Се става ред и дисциплина во игрите на среќа
-

Претседателката Сиљановска-Давкова ја посети Македонската православна црква во Љубљана
-

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница
-

Четири медитерански земји предупредуваат на ризик од нова миграциска криза
