Македонија
6. January 2018 - 11:44

Пожар во автолимарски сервис

Рано утрово околу 04.00 часот на ул. „25“ во населба Илинден-Скопје, од засега непознати причини настанал пожар во автолимарски сервис сопственост на Б.М. (44).

Како што соопшти МВР, во пожарот била опожарена комората за бојадисување и покривната конструкција.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.