Македонија
6. April 2019 - 21:56

Пожар во близина на селото Царев Двор

Голем пожар попладнево избувнал во близина на селото Царев Двор, информира командирот на Територијалната противпожарна единица во Ресен, Ристе Илиевски.

Според него, пожарот во ресенската пожарна бил пријавен во 14 часот, а нивни екипи интервенираат на терен со две противпожарни возила и четворица пожарникари.

– Гори ѓубре, сува трева, овошни насади и бавчи. Зафатена е голема површина. Пожарот се шири од селото Царев Двор кон паркот на природата „Езрани“, но нема опасност за куќите, изјави Илиевски за МИА.

Првичните информации покажуваат дека е предизвикана голема материјална штета.