Македонија
14. January 2016 - 13:27

Пожар во црквата „Св. Злата Мегленска“

Ноќеска околу два часот по полноќ непознато лице предизвикало пожар во црквата „Св.Злата Мегленска“ во скопското село Сарај, при што била опожарена и оштетена влезната врата.

Како што соопшти денеска МВР, пожарот е локализиран, а од преземени мерки утврдено е дека тој е предизвикан со употреба на запалива течност од страна на непознат сторител.