Македонија
26. December 2016 - 13:36

Пожар во гостиварската болница, лаборанти заборавиле вклучена греалка

Вчера во 10.15 часот во ПС ОН Гостивар, И.А. - директор на општа болница “Ферит Мурат“ во Гостивар, пријавил дека истиот ден околу 01.30 часот во лабораторијата избувнал пожар, кој за кратко време бил изгаснат од страна на двајца вработени во лабораторијата.
 
Причина за пожарот најверојатно била заборавена вклучена греалка. 
 
Опожарен бил дел од инвентарот, бојлерче и клима уред. Увид извршила увидна екипа од ПС ОН Гостивар.