Македонија
1. August 2016 - 14:22

Пожар во млекарница „Николови“

Целосно изгоре млекарница „Николови“ во Свети Николе. Пожарот избувнал во 9:00 часот кога работниците заминувале на пауза за доручек. Според првичните информации нема жртви во пожарот, но материјалната штета е голема.

Командирот на Противпожарната единица од Свети Николе, Зоран Трајчев изјави дека пожарот почнал од погонот за пакување на млеко и млечни производи. Сите работници навреме се евакуирани, а пожарникарите извлекле и две големи плински боци со цел да не дојде до експлозија на објектот.

Во интервенцијата на гаснење на пожарот  биле вклучени сите пожарникари од Свети Николе, а екипи пристингале и од територијалните противпожарни единици од Штип и од Велес.

Пожарот во моментов е локализиран, а пожарникарите се се уште  таму со цел да не дојде до повторно разгорување на огнот.

Во текот на денот се очекуваат допонитлени информации  за причините на пожарот.