Балкан
22. December 2021 - 14:33

Пожар во новиот клинички центар во Србија| ВИДЕО

Пожар избувна во Клиничкиот центар на Србија во раните утрински часови, а според информациите огнот започнал да се шири во серверската соба со кабли. Се појавија и првите снимки кои ги објави Блиц.

– Огнот избувна на првиот кат, сите сме евакуирани – рекол еден од работниците за Новости.

– Во 8 часот и 14 минути добивме дојава дека нешто гори во подрумските простории на Клиничкиот центар кој е во изградба. Веднаш испративме осум возила со 25 пожарникари, кои пристигнаа на повик – изјави Мајсторовиќ.

Тој додаде дека противпожарната единица пристигнала на терен за околу седум минути, што е многу брзо со оглед на условите во сообраќајот во тој дел од градот.

– Многу брзо го локализиравме пожарот – истакна Мајсторовиќ.