Свет
17. September 2024 - 18:10

Пожар во парламентот во Романија, евакуирани 300 луѓе

Во романскиот парламент денеска избувнал пожар поради што биле евакуирани 300 лица, пишува „Романија журнал“.

Пожарот избувнал на влезот за посетители.

– Пожарот се случи на влезот во зоната за посетители, на ниво С2. Пожарникарите биле во објектот и веднаш интервенирале, па пожарот веднаш бил изгаснат. Надлежните институции ќе ја утврдуваат причината за пожарот. Гореле текстилни и канцелариски предмети. Во инцидентот нема повредени, се вели во соопштението на Долниот дом на Собранието.

Според полициските информации, машки посетител наводно фрлил запалива материја. Наводно бил фрлен бензин, а полицијата го проверува идентитетот на човекот кој се обидел да побегне.