Пожар во село Кутлешево
Земјоделецот Гоце Тодороски од селото Кутлешево, Долненско, ноќеска прживеал трагедија. Избил пожар во неговата плевна и огнената стихија се проширила. Предизвикана е материјална штета од над 16.000 евра.
– Синоќа околу 22.30 часот, сопругата излезе и свика панично: бегајте, пожар е, ќе изгориме сите. Кога излеговме видовме дека целата плевна гори. Од пожарот беше зафатен и придружниот објект. Едниот од двата сина беше дома и мојот татко кој има 90 години. Синот се јави во пожарна и во полиција, но додека стигнаа, изгоре плевната. Во близина ми беа кравите, ги испуштив надвор од страв да не изгорат. Во плевната имав 5.000 бали сено, до неа копа со 1.000 бали слама, и тие изгореа. Сега немам храна ниту за овците ниту за кравите. Поседувам 30 крави, 200 овци и 230-ина јагниња, но немам храна за нив. Ми изгоре и жито: 40 вреќи пченица, уште толку вреќи сомелени пченица и јачмен, објасни за трагедијата земјоделецот Тодороски.
На прашањето дали се соменева дека пожарот е подметнат, Тодороски одговори дека е забележано куче, а во околните села во последниот период се регистрирани 7 до 8 пожари.
-Не се сомневам во никого. Но во текот на гаснењето на пожарот, во 2.00 часот по полноќ ноќеска, дојде непознато куче. Кучето беше мелез шарпланинец, со ремче околу вратот и сите се вознемиривме. Ми помогнаа луѓе од соседното село Бело Поле. Кучето е фатено, а според полицијата тоа било доказ. Не е од селото. Според инспекторите треба да го пуштиме да стигне до своите сопственици за да се открие нешто. Досега нема никакви податоци. Околу плевната најдовме траги од кучето и од чизми, „тигар“, гумени, но сѐ уште нема ништо. Кутлешево е мало село со 7-8 куќи. Но сите сме вознемирени. Ова е прв случај во Кутлешево, но 7-8 случај на пожар во соседното село Бело Поле, објаснува Тодороски.
Семејството Тодороски од Кутлешево апелира за помош. Државата што побрзо да ги исплати субвенциите.
– Апелирам што побрзо државата да ги пушти субвенциите. Среде зима сме. А нема храна за доботокот до мај месец. Освен тоа, патот до селото не е во добри услови да се внесе храната. Не знам што да се прави, очајно констатира земјоделецот Гоце Тодороски од долненското село Кутлешево, нагласувајќи дека во петчленото семјество никој не е вработен. Има сопруга, два сина, од 26 и 24 години и татко од 90 години, а се живее од земјоделството и од сточарството.
Ново на Сител
-
Извртен камион го затвори автопатот од Демир Капија до Смоквица
-
Студентски протести во Белград, Ниш и Нови Сад
-
ВМРО-ДПМНЕ: Лешинарска политика на Филипче
-
СДСМ: Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ закана за граѓаните
-
Се истражуваат причините за пожарот во куќата во Крива Паланка во кој починаа сопружници
-
Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето, велат од Еуроњуз
-
Екипи и механизација на ЈП Македонијапат го расчистуваат снегот и ги одржуваат проодни патиштата
-
Двајца сопружници починаа во пожар во Крива Паланка