Македонија
3. July 2018 - 23:32

Пожар во трговскиот центар Антико во Карпош 4

Во Трговскиот центар „Антико“ во Карпош 4 изби пожар, објави Независен весник.

Пожарот доаѓаше од подрумот на трговскиот центар.

Граѓаните со паника излегоа надвор. Миризбата се чуствува низ цела населба на Карпош 4.

На терен се пожарните екипи. Причините за пожарот се непознати.