Пожари во Студеничани, Кондово и Македонски Брод
Повторно е активиран пожарот кај Студеничани крај Скопје, а нови пожари поладнево се појавија и во Кондово и на четири места во општина Македонски Брод, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Сува трева и мешана шума гори кај селата Осинчани, Цветово-Малчиште и патот кој води кон Елово во општина Студеничани. Ангажирани се двата противпожарни авиони, тројца пожарникари на ТППЕ, како и 20 лица од Шумското стопанство (ШС).
Пожар има и во атарот на село Крапа во општина Македонски Брод. Во негово гасење ангажирани се двајца вработени од Дирекција за заштита и спасување, тројца пожарникари од ТППЕ, девет лица од ШС и шест лица од месното население.
Гори и кај местото Царовец и за негово гасење ангажирани се 20 лица од ШС. Појавени се пожари и кај село Слатина и помеѓу селата Вир и Локвица
Во 14:50 часот избувна пожар и во Кондово над медресата. Опожарена е борова шума, а противпожарните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување се ангажирани за негово гасење.
ДЗС информира дека другите пожари кои се појавија во изминатото денониќие се изгаснати.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели