Пожарите не стивнуваат во штипско
Не стивнуваат пожарите во штипско. За неполни 5 денови три пожари опустошија огромна површина. Вчера доцна попладне избувна пожар меѓу штипските села Долани и Љуботен, каде гореше ниско стеблеста шума и сува трева. Брзата интервенција спречи да се прошири во борова шума. Со градежна и земјоделска механизација се правеа обрачи за да не се прошири огнот кон селото Долани. Во акцијата интервенирале 18 пожарникари, 14 доброволци пожарникари и жители на селото
- Имавме од Дирекцијата за спасување еден авион како припомош. Инаку зафатена е огромна површина, има зафатено нискостеблесста шума, малку зафати и борова шума, но успеавме да го локализираме и да спречиме ширење на огнот, изјави Благој Ренџов командир на ТППЕ-Штип.
При гаснењето на пожарот повреден е и жител на селото Долани, кој се здобил со изгореници на нозете. Пожарот е на непристапен терен, затоа се користеа и теренски возила на Доброволното противпожарно друштво.
- Теренот не пристапен за камиони или цистерни, затоа ние дојдовме со нашите теренски возила и го ставивме пожарот под контрола, изјави Зоран Младеновски, ДПД - Штип.
Пожарот е под контрола, а во текот на ноќта екипа пожарникари останаа да дежураат на терен.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
