-->
-->
Пожарот кај Исар во Штип под контрола, зафатени фотоволтаици кај Чардаклија
-->
Пожарот кај Исар во Штип е целосно локализиран и ставен под контрола, соопштуваат надлежните служби. Во моментов нема активни линии на ширење на оваа локација.
Посериозна останува состојбата кај селото Чардаклија во општина Чешиново-Облешево, каде пожарот што зафати висока сува трева, нискостеблеста деградирана шума, смреки и жбун, продолжува да се шири. Огнот зафатил и една парцела со фотоволтаични панели.
Екипи од ТППЕ Штип се на терен и вршат прегрупирање на силите и средствата, при што дел од единиците кои претходно учествуваа во гаснењето на пожарот кај Исар се пренасочени кон Чардаклија, со цел да се спречи понатамошно ширење на огнената стихија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Поплава во ТППЕ Прилеп
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Пропадна обидот на Левица за опозициски состанок за Изборниот
-

Ново видео со врсничко насилство
-

Запален автомобилот на обвинетиот судија Ѓоко Ристов
-

Градежно вештачење за „Пулс“, безбедноста целосно игнорирана
