Пожарот кај Рибница изгаснат, се уште гори во Аџина Река
Од двата пожара во Националниот парк „Маврово“, едниот е изгаснат, а другиот уште е активен. Вработени во Паркот се на терен, но се уште нема информации како оди справуавњето и што е зафатено од огнот.
Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека вчера околу 13 часот бил забележан чад и оган во атарот на Рибница и на две локации во месноста „попова ливада“ и „рибничка скала“ каде покрај нискостеблеста шума, смрека и папрат, била зафатена и букова шума.
Огнот кој зафатил површина од над 200 хектари, го гаснеле 15 вработени во Паркот, а на помош биле повикан и авион од ДСЗ. Синоќа огнот бил изгаснат, а на местото има дежурни лица кои ја следат ситуацијата.
Во моментов активен е пожарот во регион на Аџина Река. Во последниов месец на територијата на националниот парк „Маврово“ ова е втор пожар на отворено. Претходно поголем пожар беше регистриран во атарот на селото Бибај.
Засега нема информации што ги предизвикало пожарите, а одоговрните потсетуваат дека предизвикувањето пожар во национален парк подлежи на кривичен прогон. Казните за вакво дело се многу поголеми од оние кои се однесуваат на незашитените шумски појаси.
Ново на Сител
-
Тери го критикуваше Би-Би-Си за навредливиот прекар кон Роналдо
-
ЕВРО2024: Франција четвртфиналист
-
Кошта прв голман кој не примил гол во пенал-серија на ЕП
-
Г.г Стефан упати честитка до новоизбраниот бугарски патријарх Даниил
-
Пожари на Крит, Кос и Хиос
-
ЕУ ги враќа квотите и давачките за увоз на шеќер и јајца од Украина
-
Деспотовски поднесе оставка од функцијата директор на ТИРЗ
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб | ВИДЕО