Пожарот во Беровско утре ќе се гаси од воздух

Еден армиски, еден полициски хеликоптер и ЕР-трактор утре уште во раните утрински часови ќе интервенираат од воздух врз опожарената шума меѓу беровските села Будинарци и Митрашинци, вели за МИА директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Доцна попладнево армискиот хеликоптер направил само извиднички лет кој всушност и дал координати и план како утре да се гасне пожарот од воздух.
Ангелов вели дека се собираат и теренски возила кои можат да носат и поголеми количини на вода со цел да се делува истовремено и од земја.
Градоначалникот на Општина Берово Звонко Пекевски побарал и од соседните општини да се вклучат во гаснењето на овој голем шумски пожар кој е во непристапен планински предел.
Пекевски вели дека оваа вечер има дежурни екипи кои ќе внимаваат на неколку објекти т.е. бачила со стока во овој планински предел со цел да се спречи опожарување на овие објекти.
Огнените јазици се на далечина од шест километри од регионалниот пат Берово – Виница и засега нема опасност по населените места во Беровскиот регион.
Според информациите од пожарникарите, зафатена е шума од над 50 хектари, а пожарот брзо се шири поради ветерот. Огнените јазици не се ставени под контрола, а исто така го гасењето на пожарот е вклучено и месното население по повикот за негова мобилизација од страна на градоначалникот Пекевски.
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
