Позитивни на коронавирус уште две лица, Владата усвои дополнителни мерки
Позитивни на коронавирус во државава се уште две лица. Тие се од Дебар и се соседи на претходно хоспитализираните тројца дебарчани заразени со овој вирус, а заедно со нив бројот на заразени во државава се искачи на девет. Во текот на денов се испитуваа вкупно 12 лица.
– Од сите испитани пациенти денеска, двајца се позитивни од Дебар кои биле во контакт со претходно хоспитализираните, биле соседи и имале чести контакти. Сите нивни други роднини кои живеат во истата куќа се негативни, но ќе продолжат да бидат во домашна изолација и лекување. Нивната здравствена состојба го дозволува тоа, рече на прес-конференција попладнево министерот за здравство Венко Филипче, по седницата на Владата која донесе дополнителни мерки за спречување на жирењето на коронавирусот.
Владата, како што рече Филипче, ќе постапи по препораките од Светската здравствена органзиација по одлуката за прогласување пандемија, а за што ќе имаат разговори со претставникот на СЗО во државава како и со регионалниот директор.
Со дополнителните мерки што ги усвоила Владата, на сите вработени во здравствен сектор им се препорачува да не користат одмори, платени и неплатени отсуства во овој период. – Донесовме и мерка здравстевните рабтници да бидат целосно на распокагање, да нема земањер одмори, ниту пак боледувања, освен ако тоа не е неопходно. Сите здравстевни работници ни се важни. денеска и утре ќе имаме состанок за тоа од каде би регрутирале доктори и медицински сестри од другите клиники кои имаат искуство во третман на пациенти во одделение за интензивна нега доколку има потреба да помогнат на колегите на Инфективна клиника. Веќе имаме план со Клиниката за анестезија и со интензивниот одел на Клиниката за неврохирургија, рече Филипче.
Министерството за здравство телефонскиот број на Ало докторе од флаерот ќе го пренамени во соодветен кол центар заради зголемување на капацитетот, а јавниот сервис Македонска радиотелевизија и АД МИА редовно на дневна основа ќе ги емитуваат, односно објавуваат сите препораки и заклучоци од Владата со цел спречување на ширеерњето на коронавирусот.
Министерот информираше дека препораката што ја усвои вчера Владата за оправдано отсуство од работа на родители со деца до 10 години кои се во градинка или училиште, во тек на две недели поради прекинот со работа на градинките и училиштата, се однесува и за самохрани мајки. Од работа не се ослободени родители на деца кои не посетуават градинка или не се вклучени во воспитно образовниот сектор. Отсуството ќе се докажува со доставување потврда или уплатница за престој во градинка, копија од патна исправа или извод за возраста на детето, или потврда за редовен ученик од образовните институции или копија од свидетелство.Сите воспитно обраовни институции треда да воведат ротациско дежурство за издавање на потребните потврди и останати дкументи. Секој кој може да работи од дома треба да биде на располагање на работодавачот.
Владата донела препорака и да се зајакнат контролите на граничните премини при излез од државата особено контролата на автобускиот превоз и дестинациите, како и да прекинат со работа и библиотеките, студентските и ученичките домови во наредните 14 дена, а вработените да бидат ослободени од работа. Од сите заклучоци и мерки се изземаат вработените во МВР, МО; Армијата, Противпожарната заштита, Царинската управа и домовите за нега на стари лица и мали групни домови. МВР, пак, ќе објави соопштение дека ќе се преземат соодветни мерки за сите лица кои на социјалните медиуми објавуваат дезинформации, како и медиумите кои ги пренесеуваат тие дезинформаци.
– Економските ресори ја следат состојбата и врз основа на направените анализи доколку е потребно ќе се пристапи кон воведување соодветни мерки. МЗ преку центрите за јавно здравје и во соработка со општините пак треба да изврши дезинфенција на сите градинки и училишта, рече Филипче.
Тој повтори дека лицата со хронични респираторни заболувања, тешки кардиоваскуларни, со малигни заболувања, со дијабетес тип 1, други имунокомпромотирачки состојби, како и бремените жени, треба исто така да бидат ослободени од работа.
Со огле дна тоа што децата на одат во градинка и училиште министерот го повтори апелот да не се преполнуваат игротеките, и надвор да нема големи групи деца на мало растојание. – Целта е секој да седи дома, понастрана, мали групи деца е во ред, добро е да бидат на свеж воздух, сега се и температурите повисоки, но да сеизбегнуваат големи групи. Сите телефони на ИЈЗ и на центрите за јавно здравје се функционални и може да се пријави тоа , како и доколку некој патувал и не почитува мерки во Државниот санитарен зравстевн инспекторат, рече Филипче.
Како што информираше министерот претходно, седумте пациенти со коронавирус се со лесна клиничка слика, дишат сами без машина за вентилација. И вториот тест на првозаболената пациентка е негативен тест и таа наскоро ќе биде пуштена од Инфективната клиника на домашно лекување. Состојбата на сите лица кои се во домашна изолација е добра.
Ново на Сител
-
Раде Штекли повреден по експлозијата на бомба во Керамидница
-
Фрлена бомба во двор во Керамидница, едно лице повредено
-
Маж се самоубил пред зградата на Врховниот суд на Бразил
-
За 20% поскапува такси превозот во Скопје?
-
Со „ауди“ превезувал 8 мигранти, уапсен 27 годишен скопјанец за криумчарење мигранти
-
ДЗР: Континуираните загуби во работењето на АД Пошта влијаат на квалитетот на услугата
-
Холандската полиција уапси 281 лице на забранетиот пропалестински протест
-
Французин добил 80,5 милиони евра обложувајќи се на победа на Трамп