Балкан
19. September 2016 - 23:46

Познат политичар загина во страотна сообраќајка, настрада и жена

Во сообраќајна несреќа која денеска се случи на патот Никшиќ - Подгорица настрадаа Славко Баковиќ (24) и Ксенија Брковиќ (24).

Во сообраќајката учествувале четири возила, а сообраќајот по петчасовната блокада во двата правди, повторно е пуштен околу 19 часот.

Мажот починал на самото место, а жената во критична состојна е префрлена во Клиничкиот центар во Подгорица каде им подлегнала на повредите.

Со полесни повреди се здобиле уште 5 лица кои по прегледот се пуштени на домашно лекување.

Сообраќајката во која учествуале две патнички возила, камион и комбе се случила кај третиот тунел од правец на Никшиќ.

Славко Баковиќ беше кандидат за пратеник на Демократската партија на социјалистите на Црна Гора (ДПС) и претседател на Спветот на младите на ДП на Херцег Нови.