Фудбал
26. July 2019 - 18:47

Познат распоредот на натпревари за есенскиот дел во ПМФЛ

Во „Куќата на фудбалот“ денеска со ждрепка беа извлечени двојките за премиерното коло во ПМФЛ, 
 
Новата сезона во фудбалскиот шампионат на Македонија, односно прволигашката конкуренција ќе започне на 11 август. 
 
Актуелниот првак Шкендија одбраната на титулата ќе ја почна на гости против  Академија Пандев. Фудбалерите на Вардар ќе ја пречека Македонија ЃП, а во Тетово кај Ренова ќе гостува Силекс. 
 
Што се однесува до новите прволигаши. велешки Борец ќе му гостува на Шкупи, додека екипата на Струга Трим Љум ќе го пречека Работнички
 
 Откако ФФМ успеа да договори ТВ преноси од прволигашката конкуренција, голема е веројатноста да има поместување во календарот и сатницата, а според најавата по еден меч ќе бидат пренесувани во саботите и неделите. 
 
                  РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ ПМФЛ - Есенски дел