Бизнис
27. јуни 2024 - 13:19

Позната е новата цена на струјата

Во моментов тече прес конференција во Регулаторната комисија за енергетика.

Првиот човек на комисијата, Марко Бислимовски ги објави новите цени на електричната енергија.

Согласно одлуката, цената во првиот блок останува иста, во вториот блок има поскапување од 0.85%, третиот блок поскапува за 1.92% и четвртиот блок 1.88%. 

Цената на евтината тарифа се зголемува за 0.65%.

Прес конференцијата е во тек, повеќе детали наскоро.