Џет-Сет
29. March 2018 - 10:10

Познатата македонска фолкерка имаше сообраќајка во охридско

Познатата македонска фолк пејачка, Елена Велевска, вчеравечер доживеала сообраќајка на излез од Охрид, пишува „Репортер“

Имено на пат кон едно село во близина на Охрид, поради дупка на патот и се дупнале и двете гуми при што Елена изгубила контрола над возилото, но за среќа се завршило добро и таа не е повредена.

„За среќа не возев многу брзо, но патот беше многу ископан и пропаднав во дупка при што ми се дупнаа и двете гуми, но за среќа ми помогнаа локалните жители,можеше да биде полошо“ рекла таа за Репортер.