Познатата пејачка во шок: Ограбена на спиење, можеа да ме убијат!
-Да бев будна ќе ме истепаа сигурно. Море ќе ме убиеја. Среќа што спиев, залипа Лепа Лукиќ (76) по вчерашниот грабеж на нејзиниот стан во Белград.
Крадците влегле низ терасата. со шрафцигер ја обиле вратата. Направиле хаос, мислејќи дека поради престојниот концерт пејачката добила хонорар и сите пари ги држи во станот.
-Се качиле преку тераса, изгледа ставиле скали, од кај да знам, така заклучи полицијата. Имаше полиција, зедоа отисоци. Јас спиев во собата кога влегле и бидејќи јас не сум се разбудила, тие на излегување си отиѓле од вратата во станот. Ги оставија отворени и надворешната врата и вратата од терасата. Јас почувствував дека ми студи, станав во 7 часот утрото, се шокирав од тоа што го видов и повикав дури и Итна помош, вели потресената пејачка.
Иако не и однеле многу пари, Лепа најмногу се исплашила за својот живот.
-Кога сфатив што се случило, кукав дека можев да загинам. Не ме повредија и бладогарна сум. Парите ги зедоа 1.600 евра и 900.000 динари од чантата. Среќа што ги најдоа парите, инаку можеа да ме размудат, да ме малтретираат и да ме тепаат. Пушти ги парите, среќа што останав жива, вели таа.
Таа и натаму е во шок и не и е јасно крадците успеале тоа да го изведат во така краток период, зошто таа останала будна до доцна во ноќта.
-Јас до 1 часот по полноќ гледав телевизија. Тие упаднале меѓу пет и шест часот утрото, а јас во седум станав. Тие со калауз ја провалиле вратата од терасата. Беше затворено, но не сум затворила до крај, па не се мачеле многу, раскажува Лепа.
Легендарната пејачка на 17 ноември ќе одржи концерт во Сава центар со кој ќе одбележи 55 години кариера, па се претпоставува дека крадците мислеле дека сите пари кои требале за организација на концертот и се во станот.
-Ова прв пат во живот ми се случии. Јас плачев отпосле и ми скокна притисокот кога помислив дека можев да загинам. Среќа што не ги забележав, што спиев и тој нормално си ја оставил вратата од станот отворена на излегување, вели Лепа со треперлив глас.
По грабежот често ја посетува екипа од Итната помош, која и дава на Лепа терапија да се смири и да го стабилизира притисокот.
Ново на Сител
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина
-
Хоспитализираниот тренер на Унгарија е во добра состојба, откако му се слоши на мечот со Холандија
-
Руската опозиција во Берлин ги организира првите антивоени демонстрации во странство
-
Мицкоски:Изразена волја од двете страни за доближување на ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем
-
Почна шестчасовен протест во Нови Сад за трагедијата на железничката станица
-
Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина
-
Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е вратено на сопственикот