-->
-->
Познати 16.те селекции учеснички на ЕП за ракометарки 2016
-->

Со одигрувањето на дуелот од групата 4 од квалификациите меѓу Црна Гора и Словенија (24:22) завршија квалификациите по кои 15 репрезентации изборија пласман на Европското првенство за ракометарки Шведска 2016.
Во седумте групи двете првопласирани селекции се пласираа на шампионатот. Тоа се: Норвешка, Романија (група 1), Србија, Чешка (група 2), Холандија, Шпанија (група 3), Црна Гора, Хрватска (група 4), Унгарија, Полска (група 5), Русија, Данска (група 6), Франција, Германија (група 7).
Пласман на ЕП избори и Словенија како најдобро третопласирана селекција. Шведска на првенството ќе настапува како домаќин.
Со максимални победи (шест) квалификациите ги завршија само Русија и Франција.
Подмладената репрезентација на Македонија настапот го заврши со шест порази во групата 4, но дека Македонија беше во силна група потврдува и фактот што од оваа група другите три селекции се пласираа на ЕП.
Шампионатот ќе се одржи од 4 до 18.декември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
-

Младите од Црвениот крст во Струмица со мали проекти поттикнуваат хумани дела
-

Мицкоски во Кочани
