Познатиот пејач Не-Јо се ожени со долгогодишната девојка Кристал

Познатиот пејач моментално ги доживува најсреќните денови. Популарниот Не-Јо и неговата девојка Кристал Рене можат и службено да се наречат сопруг и сопруга, церемонијата се одржа минатат сабота во близина на Лос Анџелес.
Кристал блескаше во венчаница од тантела, а вниманието го привлече и нејзиниот труднички стомак, со оглед дека е во осмиот месец од бременоста. Не-Јо се одлучи за елегантно црно-сив костум.
- Не можам да дочекам да започнеме живот како семејство. Се радуваме на тоа што целиот живот ќе бидеме најдобри пријатели, откри познатиот пејач кој вестите за венчавката и бебето ги потврди самиот уште во септември минатата година.
Да потсетиме, Не-Јо веќе има две деца, синот Масон Еван и ќерката Мадилин Граце од поранешната вереничка Монет Шо.
Двоката се раздели во 2013 година, крато време откако таа одлучи да направи операција на јајниците. Тогаш пејачот објасни дека се работи за заедничка одлука и дека никого не присилува на ништо. Но, голем број фанови многу му префрлуваа, откако ја објави веста за бременоста.
Но, скандалот набрзо се стиши, а судејќи според фотографиите на социјалните мрежи, двојката навистина никогаш не излгедалa посреќнo.
Ново на Сител
-

Рубио: Вашингтон смета дека Хамнеи сè повеќе се вклучува во водењето на земјата
-

Без струја делови од Бутел
-

Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
-

Кошта: Усвојувањето на договорените уставни измени останува единствен начин за формално почнување преговорите
-

Сиљановска-Давкова положи венец пред Споменикот на слободата во Девин
-

Мицкоски го пречека Кошта, по тет-а-тет средбата ќе има состанок на двете делегации и заедничка прес-конференција
-

Канал 12: Напнат разговор меѓу Нетанјаху и Трамп околу израелските напади врз Бејрут
-

Собир на граѓани го блокира сообраќајот на „Бутелска“
