Прашањето за името дел од дискусијата во грчкиот Парламент

Во недостиг на реални аргументи и се уште под притисок поради учеството на Македонија под уставно име на конферецнија во Њујорк, официјална Атина повторно го повика „Скопје да престане со иредентизам“.
За време на дискусијата во грчкиот Парламент, која ноќеска заврши со гласање доверба на Владата на Алексис Ципрас, неизбежно беше споменат и проблемот што Грција го има со уставното име на Македонија.
Во своето излагање посветено на надворешната политика, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас потсети дека со Македонија се промовирани мерки за градење доверба.
- Никој друг, туку Владата на ПЈРМ прво ги одби, но на крајот се согласи во овие преговори. Но главното, а тоа го кажав и во Скопје, два часа зборував во јавна дискусија, е дека ПЈРМ мора да заврши со својот иредентизам, дека мора на реален и конструктивен начин да се согласи за решение на спорот за името, рече Коѕиас.
Прашања за ставот на Владата во однос на името, поставија лидерот на Нова демократија Евангелос Меимаракис и неговиот сопартиец Јоргос Кумуцакос, кој воедно е договорен за надворешната политика на конзервативците. Кумуцакос праша дали грчката позиција се уште е име со географска одредница за севкупна употреба и дека земјата нема да има напредок во пристапот кон ЕУ и НАТО без решение на прашањето за името. Меимаракис потсети дека „се уште е на сила одлуката од Букурешт“, истакнувајќи дека Владата на Караманлис спречи влез на Македонија во НАТО.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
