Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предлага да се зголеми субвенцијата за студентски оброк
Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денеска до Собранието ќе поднесат закон за субвенциониран студентски оброк, со кој бараат зголемување на субвенцијата од 120 на 160 денари и исплата на средствата по истиот принцип како и минатата година.
Јован Јаулески, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција ја повика власта да го прифати нивниот Предлог-закон за да им се помогне финансиски на студентите.
– Студентите нема да земат финансиски средства за субвенциониран студентски оброк овој месец затоа што владеачкото мнозинство лани брзаше со законските измени и донесе конфузни решенија кои оставаат правна празнина и неможност на Министерството за образование и наука да исплати средства. Ја повикуваме власта да го прифати нашиот Предлог-закон и веднаш да им се помогне финансиски на студентите со цел зачувување на и онака кревкиот студентски стандард, рече Јаулески.
Тој истакна дека освен студентите, и средношколците треба да добијат соодветна финансиска поддршка и за нив бараат по 3.000 денари месечно во периодот додека трае кризната состојба т.е. до 30-ти април 2023 година.
Тој изрази револт за најавените мерки за рационализација на трошоците на државата кои, како што потенцира, удираат директно врз студентите т.е. рационализација на стипендиите, редефинирање на системот за студентски оброк и потенцијална приватизација на студентските домови. Посочи дека преку Клубот за младински прашања и политики ќе иницираат одржување на јавна расправа на која ќе бидат поканети релевантните институции, но и претставниците на студентите за да се најдат одржливи решенија за проблемите со кои се соочуваат студентите.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
-

Директор во Лотарија обвинителството го прогласи за непријателски сведок
-

Јанев: Падна митот за недопирливите во Прилеп, нема повеќе криење позади униформата и врските
-

Се бара оставка од Филипче - Платформата 12.05 го достави, СДСМ јавно го објави и го одби планот за промени
-

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителството да ја истражи Славјанка Петровска
