Пратеничката Мира Стојчевска: Не знаев дека син ми аплицирал за работа во ЕЛЕМ

Пратеничката од СДСМ Мира Стојчевска, чиј син Виктор Стојчевски од вчера е вработен во ЕЛЕМ, не гледа ништо спорно во тоа тој да работи во државна компанија. Стојчевска за „Макфакс“ вели дека нејзиниот син уредно се пријавил на оглас, за потоа да ја добие позицијата.
„ЕЛЕМ имаше распишано јавен оглас. Мојот син прво аплицирал, па потоа ми го соопшти тоа. Јас сум немала апсолутно никакво влијание во одлуката ЕЛЕМ да го вработи мојот син. Тој претходно работеше во приватна фирма, но работел и во Катастар за недвижнини што исто така е државна институција“, вели пратеничката Стојчевска за „Макфакс“.
Таа ги негира тврдењата дека нејзиниот син Виктор добил работа во ЕЛЕМ поради нејзината функција или глас за уставните промени, како што тврдеше портпарлот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Нашите деца секако ќе бидат вработени некаде, според нивните струки и образование. Имајте предвид дека се дефицитарни градежните инжинери. Колку што знам, тој сега е вработен во секторот за инвестиции“, додава Стојчевска.
Ново на Сител
-

Реал, како последен, се повлече од Суперлигата
-

ССМ напладне ќе ги блокира работодавачите, бара зголемување на платите
-

Новиот член на Судскиот Совет Садула Изаири ќе даде свечена изјава
-

Мисајловски на состанок на министри за одбрана на НАТО во Брисел
-

Полицијата го идентификуваше осомничениот за смртоносното пукање во училиштето во Канада
-

Собранието на Косово ја избра новата, трета Влада на Албин Курти
-

Променливо облачно со повремен дожд
-

Кривична пријава против осум лица од Виница и виничко за кривични дела во врска со бесправна сеча и транспорт на огревно дрво
