Македонија
7. March 2024 - 16:34

Пратениците го изменија Изборниот законик, ќе може да се гласа со истечени лични карти и пасоши

Сите граѓани на кои им е истечена личната карта или пасошот 9 месеци пред претседателските и парламентарни избори во април и мај,  ќе можат да гласаат со такви лични докумeнти.

Ова се измените на Изборниот законик кои попладнево експресно беа донесени од Собранието како заеднички предлог на власта и опозицијата за да се реши проблемот со над 100 илјади граѓани за кои постоеше опасност да им се прекрши уставното право на глас поради тоа што навреме не можат да ги заменат своите документи.

Ваквата одредба ќе важи само за изборите во 2024. На сите следни избори ќе може да се гласа со истечени документи, ама чија важност истекла во периодот од распишување до одржување на изборите.

Со измените право на глас ќе добијат и сите оние што ќе станат полнолетни помеѓу два круга на избори, а прифатени се дел и од препораките на ОБСЕ/ОДИХР.