Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата по говорот на Милошоски
Според најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да ја поддржи оваа техничка Влада и нема да гласа за неа, пратеникот од партијата Антонио Милошоски одржа говор по кој сопартиските пратеници ја напуштија собраниската сала.
- Еден дезертер си даде оставка, друг дезертер ќе седне во премиерската фотелја. Ниту оној што стана од фотелјата, ниту овој што ќе седне немаат искрени чувства кон Македонија. И затоа исто како и Ковачевски најлошиот премиер досега не очекувајте ниту од Талат Џафери да биде подобар и да работи за успешна и напредна држава Република Македонија, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
- Почитувани симпатизери од СДСМ,Партијата ДУИ нема толку пратеници, ниту број на гласови за да избере премиер. Но, денес Ковачевски и Маричиќ евтино ја продадоа куќата на СДСМ и за нивните фотелји од вашата партија направија привезок на ДУИ. СДСМ, ЛДП и НСДП, верните слуги на корумпираната ДУИ заради коруптивни погоди денес македонскиот народ го направија кираџија во сопствената држава. Наместо ветената европеизација, денес пратениците од СДСМ, ЛДП и НСДП ви приредија една понижувачка дуизација на државата, ставајќи го на чело на Владата Талат, другарот на Рамиз Мерко и на Пуцко Петрол, познатите Европејци од Македонија. Затоа тие што ќе кажат дека ова е историски ден може да се согласиме во една работа, ова е историски ден затоа што Македонија има Влада со историски највисок долг, историски највисока инфлација, историски најлошо здравство, историски најмногу лажни пасоши за нарко босовите во Македонија и во регионот. Македонија има Влада со историски највисока корупција во регионот, додаде тој.
Милошоски посочи дека Талат Џафери доаѓа од Гостивар, 20% од жителите во Гостивар во изминатите 20 години се иселија во Европа, додека Талат Џафери и Али Ахмети им зборуваа за Европа, а во меѓувреме прават тендери и ги лажат своите гласачи.
Ново на Сител
-
Трагедијата во Кочани ја отвори „пандорината кутија“ за индивидуалната, но и колективната одговорност
-
Заглавени возила кај Галичица
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп