Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со предлог за зголемување на пензиите за 20 отсто од април
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието денеска поднесе Предлог-закон за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, со кој се предвидува зголемување на пензиите за 20 проценти од април 2022 година.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски, изјави дека треба да се обезбеди зголемување на старосната пензија, но и на сите останати видови пензии, имајќи го предвид порастот на цените на одделни производи и електричната енергија, како и потребата од подобрување на животниот стандард на највозрасните граѓани.
Доколку не се зголемат пензиите, рече Мицевски, пензионерите ќе бидат доведени до раб на сиромаштија поради неможност да ги подмират основните животни трошоци.
-Секој пензионер има право да живее пристојно, со доволно средства да ги подмири основните трошоци за храна, греење, лекови итн. Со растот на минималната плата, соодветно е да растат и пензиите, со цел обезбедување на рамноправност и еднаквост на пензионерите со останатите граѓани. Цениме дека со предложеното законско решение ќе се подобри социјалната положба на корисниците на пензија во 2022 година со порастот на сите видови на пензија за 20 проценти. Преку оваа форма на усогласување ќе се зачува реалната вредност на пензиите и се заштитува стандардот на пензионерите, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицевски апелираше до парламентарното мнозинство да го поддржи Предлог-законот поднесен од неговата партија исто како што заедно, рече тој, биле обединети и за зголемувањето на минималната плата.
Ново на Сител
-

Земјотрес со магнитуда од 7,6 степени регистриран во Тихиот Океан во регионот на Тонга
-

Денес облачно време со сончеви периоди и повремен дожд
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
